Wednesday, September 2, 2015

Кој загуби, а кој најмногу доби ова лето ?

Ростерите на водечките тимови на стариот континент (а воедно и во светот) речиси се комплетирани во однос на играчкиот кадар, и не би требало да има позначајни промени до почетокот на Лигата на шампионите, па би можеле да направиме една анализа за тоа кој најмногу загуби, а кој доби ова лето на играчки план.

Овие денови најпопуларниот ракометен сајт, Хендбол планет излезе со листа на најдобри 30 трансфери ова лето.

Број еден на оваа листа секако е најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, кој ја промени средината и од Барселона се враќа „дома“ во дресот на ПСЖ, кој се чини дека ќари најмногу ова лето. Францускиот првак со буџет од 16.5 милиони евра оваа сезона ќе биде еден од претендентите за освојување на титулата во најелитното ракометно натпреварување, и покрај заминувањето на Копљар во обратен правец (во Барселона). Во тимот на „светците“ ова лето пристигна и Хенрик Молгард и братот на Никола, Лука Карабатиќ.

Актуелниот европски шампион, екипата на Барселона беше доста активна на трансфер маркетот ова лето, и заминувањето на Карабатиќ ќе се обиде да го покрие со доаѓањето на извонредниот чешки репрезентативец, Филип Јиха. Покрај Копљар кој го спомнавме претходно во Барселона пристигна и Камил Сипжак од екипата на Висла со што најверојатно ростерот тука некаде е комплетиран.

Се чини дека ова лето најголем губитник беше екипата на Кил. Германскиот шампион претрпи големи играчки промени и тимот го напуштија неколку битни игрчи од минатите сезони. Па така тимот покрај Филип Јиха, Кил остана и без средниот бек на исландската репрезентација Арон Палмарсон кој се пресели во Веспрем, Расмус Лауге (во Фленсбург) и голманот Сјостранд кој премина во Мелсинген.

Килце беше невообичаено мирен ова лето и во тимот на Талант Душабајев дојде единствено Јуркевич, а во унгарски Веспрем покрај Палмарсон пристигна и сега веќе екс играчот на Целје, Иван Слишковиќ.

Тука некаде доаѓа место за макдонските клубови и „џинот“ Вардар (намерно не беше спомнат погоре и покрај тоа што се вбројува во топ 6 тимови во Европа). Ова лето Вардар беше активен можеби како никогаш претходно, па тимот го напуштија, Немања Прибак (кој изјави дека и понатаму ќе го носи дресот на македонската репрезентација), десното крило Добривоје Марковиќ, русите Чипурин и Алексеј Растворцев, тимот му се заблагодари за услугите и досегашното залагање и на Владимир Петриќ и Стефан Терзиќ, па празните места во тимот ги пополнија нов 5 имиња. Деревен пристигна од Чеховски Медведи, Лука Циндриќ во фиаското во Металург доаѓа во пакет заедно со Мијајло Марсениќ, повратникот во македонското првенство Дејан Манасков и секако најзвучното име кое се најде на високото 9то место на листата во Хендбол планет, Хорхе Македа. На прв поглед, а богами и на втор, Вардар доби мн ова лето, не само во квлитет туку и во подмладување на екипата доведувајќи 5 исклучително млади и квалитет ракометари, меѓу кои највозрасен е Хорхе Македа со 27 години.

Во оваа статија нема многу време да посветам на екипата на Металург, но затоа наредната ќе биде потполно посветена на тимот од Автокоманда, со мое целосно видување околу ситоацијата и иднината на клубот. За одбележување е доаѓањето на австрискиот репрезентативец Јанко Божовиќ кој треба да биде лидер на „новиот Металург“ од кого и баш не видовме многу во подготвителниот период. Најавени се уште 3 нови имиња во тимот на Червар, а се шпекулира дека едното од нив е голманот на Вардар, Страхиња Милиќ за кого по се изгледа нема место во овај Вардар.

Дебитантот во СЕХА Лигата, екипата на Струмица која се мачи на почетокот на сезоната, без разлика дали било со изнаоѓање на спонзор и стабилен финансиски извор, дали со пронаоѓање на вистинската форма на стартот, па по промената на името во Макс Струмица, следуваше испуштена победа во последната секунда против Војводина и пораз од Татран Прешов. Вицешампионот на Македонија заминувањето на македонските репрезентативци се обиде да го надополни со доведување на засилување од странство, но очигледно му е потребно уште време за воигрување.

Искрено, нестрпливо чекам да го видам новиот проект, тимот на Работнички, предводен од браќата Марковски, Златко Мојсовски, и управа донесена од Металург. Низ јавноста профилтрираа и имињата на Дарко Станиќ и Ренато Вугринец (кој и одработи неколку тренинга со тимот) но до трансфер не дојде.

Во продолжение видете ја целата листа на ТОП 30 трансфери ова лето според Хендбол планет.

1. Никола Карабатиќ (од Барселона во ПСЖ)
2. Филип Јиха (од Кил во Барселона)
3. Арон Палмарсон (од Кил во Веспрем)
4. Никлас Ландин (од Рајн-Некар во Кил)
5. Мариуш Јуркиевич (од Висла во Кјелце)
6. Хенрик Молгард (од Скјерн во ПСЖ)
7. Камил Сипжак (од Висла во Барселона)
8. Павел Атман (од Ел Џаиш во Мешков Брест)
9. Хорхе Македа (од Нант во Вардар)
10. Расмус Лауге (од Кил во Фленсбург)
11. Кентан Мае (од Хамбург во Фленсбург)
12. Иван Слишковиќ (од Целје во Веспрем)
13. Бјарте Мирхол (од Рајн-Некар во Скјерн)
14. Марко Копљар (од ПСЖ во Барселона)
15. Константин Игропуло (од Фуксе Берлин во Колдинг)
16. Дајнис Кристиопанс (од Татран Прешов во Мешков Брест)
17. Жером Фернандез (од Тулуз во Екс)
18. Дарко Станиќ (од Битигхајм во Рајн-Некар)
19. Никола Маркусен (од Скјерн во Силкеборг)
20. Ахмед Ел Ахар (од Ел Џаиш во Ал Замалек)
21. Михаел Дамгард (од Холстебро во Магдебург)
22. Јохан Сјостранд (од Кил во Мелсинген)
23. Микаел Апелгрен (Мелсинген – Рајн-Некар)
24. Хенрик Тофт Хансен (од Хамбург во Фленсбург)
25. Исам Теж (Монтпеље - Ал Џаиш)
26. Дејан Манасков (од Вецлар во Вардар)
27. Драго Вуковиќ (од Лубек во Фуксе Берлин)
28. Жоао Франциско да Силва (од Адемар Леон во Шамбери)
29. Лука Карабатиќ (од АИХ во ПСЖ)
30. Кент Робин Тонесен (од Вецлар во Фуксе Берлин)